/ Прочитано:

1.872

СУДСКИ СОВЕТ: В понеделник избор на нов претседател на Советот

Комисијата што треба да го спроведе изборот е во состав: Мирјана Гоцевска-Стефановска, претседател и Лидија Каначковиќ и Беким Реџепи, членови. Заменик-член на Комисијата е Мери Дика-Георгиевска.

Судски совет прослава на Денот на правосудството

Судскиот совет в понеделник ќе го спроведе изборот за нов претседател на Советот. Седницата со единствена точка на дневен ред – избор на наследник на Бранко Ушковски е закажана за 10 00 часот.

Комисијата што треба да го спроведе изборот е во состав: Мирјана Гоцевска-Стефановска, претседател и Лидија Каначковиќ и Беким Реџепи, членови. Заменик-член на Комисијата е Мери Дика-Георгиевска.

Мандатот на актуелниот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски, како член на Советот истече вчера.

Ушковски беше избран за член на Советот на 21 април 2010 година со мандат од шест години, а стана претседател на Судскиот совет на 13 март минатата година.

Тој беше единствен кандидат, предложен од страна на Влатко Самарџиоски, член во Советот, и беше избран со 13 гласа „за“, а едно гласачко ливче беше неважечко.

Претседателот на Советот се избира од редот на членовите на Советот со мнозинство гласови од членовите со право на глас, со тајно гласање. Мандатот на претседателот на Советот трае три години, со право на повторен избор.