/ Прочитано:

1.660

Судскиот совет дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски

Судскиот совет на Република Македонија дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски – судија на Апелациониот суд Скопје, по донесена пресуда на Европскиот суд за човекови права во која е констатирана повреда.

„Судскиот совет на Република Македонија дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски – судија на Апелациониот суд Скопје, по донесена пресуда на Европскиот суд за човекови права во која е констатирана повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи. Во согласност со член 80 став 3 од Законот за Судски совет на Република Македонија е формирана Комисија за спроведување на постапката. Во текот на 2017 година, Комисијата закажа расправи за 27.2.2017, 24.4.2017 и 11.5.2017 година, кои ги одложи по барање на Јордан Митриновски и неговите бранители. Расправата закажана за ден 21.11.2017 година Комисијата ја одржа во присуство на подносителот на барањето за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, а во отсуство на судијата уредно повикан“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Во април, 2015 година, Судот за човекови права во Стразбур одлучувајќи по жалбата Митриновски, донесе одлука во која се истакнува дека Судскиот совет не бил непристрасен при разрешувањето на Митриновски. Имено,судот во својата пресуда оценува дека Митриновски имал легитимна основа да стравува дека претседателот на Врховниот суд бил веќе лично убеден дека тој треба да биде разрешен поради професионална грешка пред да дојде прашањето до Судскиот совет…Судскиот совет ќе ја повтори постапката за разрешувањето на судијата Јордан Митриновски

М.В