/ Прочитано:

732

Судскиот совет го осудува говорот на омраза

„Во врска со изјавата на поглаварот на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи, каде што дава изјава во која тој посака смрт за судијката која ја донела одлуката за негова смена од функцијата, Судскиот совет на РСМ најостро го осудува ширењето говор на омраза и очекува во најскоро време надлежните органи да ги преземат соодветните активности. Судскиот совет на РСМ како и досега ќе го штити интегритетот и угледот на судиите кога е неосновано загрозен при вршењето на судиската функција“, се вели во соопштението на Советот.

Граѓанскиот суд објави соопштение за случајот со ИВЗ

Хелсиншкиот комитет бара МВР веднаш да постапи по пријавата за говор на омраза од страна на поглаварот на ИВЗ

М.В