/ Прочитано:

4.111

Судскиот совет избра претседатели на основни и апелациски судови

Судскиот совет на денешната седница  избра нови претседатели на основни и апелациски судови. За претседател на судот во Ресен беше избрана Емел Кранли Али, а Снежана Манев беше избрана за нов претседател на кумановскиот Основен суд, додека пак, Хацан Аасан беше избран за претседател на тетовскиот Основен суд. За дебарскиот Основен суд не беше избран претседател.

Наке Георгиев беше избран за нов претседател на штипскиот Апелациски суд, а Александар Камбовски едногласно беше избран за судија во битолскиот апелациски суд. За нови судии во апелацискиот суд во Скопје беа избрани Тања Милева, Зоран Герасимовски и Алија Елези. Африм Фидани беше избран за судија на Врховниот суд.

M.В