/ Прочитано:

1.268

Судскиот совет ја одложил седницата на која требаше да биде распишан оглас за избор на претседател на Врховниот суд и за претседател на Кривичниот суд

Мандатите на претседателот на Врховниот суд, Лидија Неделкова, и на претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, Владимир Панчевски, истекуваат на 4 декември, а според Законот за судови, огласот за избор на нов претседател се распишува два месеци пред истекот на мандатот на актуелниот претседател.

Судски совет на РМ, табла

Судскиот совет за в петок ја одложил седницата што требаше да се одржи денеска. На веб-страницата на Судскиот совет се наведува:

„Судскиот совет на Република Македонија известува дека 235-та седница, закажана за 5.10.2016 година (среда) во 10:00 часот, се одлага за ден 7.10.2016 година (петок) со почеток во 11:00 часот“.

На 235 седница, според најавата, беше планирано да биде разгледана одлука за објавување оглас за избор на претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје и за претседател на Врховниот суд на Република Македонија.

Мандатите на претседателот на Врховниот суд, Лидија Неделкова, и на претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, Владимир Панчевски, истекуваат на 4 декември, а според Законот за судови, огласот за избор на нов претседател се распишува два месеци пред истекот на мандатот на актуелниот претседател.

Покрај тоа, на седницата беа ставени и точките:

  • донесување на одлука за избор на 1 (еден) судија во Основниот суд Скопје 2 Скопје по одлука број 08-144/2 од редот на кандидатите од Академија за судии и јавни обвинители и
  • разгледување на извештаите за работата на судовите во Република Македонија за второто тромесечие за 2016 година.