/ Прочитано:

2.071

Судскиот совет ја предложи Добрила Кацарска за нов уставен судија

Судскиот совет едногласно  ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов член на Уставниот суд, односно за нова уставна судијка. Според прописите, Судскиот совет предлага двајца судии на Уставниот суд од редот на судиите. За предлогот на Судскиот совет одлучува Собранието. Функцијата судија на Уставниот суд е неспојлива со вршењето друга јавна функција, професија или членување во политичка партија.

Судијката Добрила Кацарска за судија е избрана во 1986 година и во Кривичниот суд работи на кривична материја – организиран криминал. Таа судеше во случајот „Тенк“, во врска со набавката на луксузниот мерцедес, и за предметот кој се однесуваше на настаните и насилствата од 27 април во Собранието.

М.В