Судскиот совет ја усвои методологијата за оценување на работата на судиите
Од Судскиот совет информираат дека е усвоена Методологијата за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиското работење, како и образецот за оценување и бодување на исполнетост на квалитативните критериуми за работата на судијата.
Судскиот совет ја усвоил и Методологијата за квалитативно оценување на претседателите на судовите и образецот за квалитативно оценување на претседатели на судовите.
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека ја поздравува одлуката на Судскиот совет за усвојување на методологијата за оценување на работата на судиите.
„Сметам дека ова е голем чекор кон конечното враќање на изгубената доверба во правосудството. На 28 декември Советот за реформи во правосудството ќе ја потврди целосната методологија за филтрација на судството и обвинителството“, посочува Маричиќ.
ЕУ-мониторингот на судските случаи се очекува да започне на почетокот на идната година
Министерот за правда најавува проверка на работата и на имотната состојба на судиите
Здружението на судиите во врска со ветингот и за актуелната состојба во правосудниот систем
М.В