/ Прочитано:

1.379

Судскиот совет ќе формира Комисија за избор на наследник на сегашниот претседател Бранко Ушковски

Претседателот на Советот се избира од редот на членовите на Советот со мнозинство гласови од членовите со право на глас, со тајно гласање. Мандатот на претседателот на Советот трае три години, со право на повторен избор.

Судски совет прослава на Денот на правосудството

Мандатот на актуелниот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски, како член на Советот истекува на 21 април 2016 година. Поради тоа на денешната седница на Советот треба да биде формирана Комисија за избор на претседател на Судскиот совет.

Ушковски беше избран за член на Советот на 21 април 2010 година со мандат од шест години, а стана претседател на Судскиот совет на 13 март минатата година.

Тој беше единствен кандидат, предложен од страна на Влатко Самарџиоски, член во Советот, и беше избран со 13 гласа „за“, а едно гласачко ливче беше неважечко.