/ Прочитано:

1.021

Судскиот совет ќе испитува дали некој неосновано придонел за одложување на судењето за „Дива Населба“

„Потсетуваме дека доколку кое било лице вработено во овие судови постапило спротивно на законските обврски, спротивно на препораките од оперативниот план за физичко обезбедување на судскиот процес или на кој било друг начин неосновано придонело за одлагањето на рочиштето, ќе мора за тоа соодветно да одговара“, се вели во соопштението.

Дива населба надвор

По вчерашното одложување на рочиштето за случајот „Дива Населба“ поради тоа што на адвокатите и на јавноста која го следи процесот им беше забранет влезот во Врховниот суд, каде што требаше да се одржи главната расправа, и Судскиот совет ќе ги испитува причините за одложувањето.

„Во согласност со својата законска надлежност да се грижи за угледот на судиите и да ја зајакнува довербата на граѓаните кон судството, ССРМ ќе ги собере сите потребни информации преку усна и писмена комуникација со претседателите на Врховниот суд на РМ, Апелациониот суд Скопје, Основниот суд Скопје 1 Скопје и Основниот суд Скопје 2 Скопје, како и со други лица, ако е тоа потребно, со цел да ги утврди вистинските причини поради кои беше одложено судското рочиште“, велат од Судскиот совет.

Оттаму додаваат дека се запознаени со тоа дека, иако за предметот била обезбедена сала и оперативен план за физичко обезбедување, имало недоразбирање меѓу припадниците на судската полиција од Врховниот суд и Кривичниот суд.

„Потсетуваме дека доколку кое било лице вработено во овие судови постапило спротивно на законските обврски, спротивно на препораките од оперативниот план за физичко обезбедување на судскиот процес или на кој било друг начин неосновано придонело за одлагањето на рочиштето, ќе мора за тоа соодветно да одговара“, се вели во соопштението.

Од Кривичниот суд информираа дека, и покрај тоа што биле обезбедени сите технички и безбедносни услови за одржување на рочиштето во големата сала на Врховниот суд, која му беше отстапена на Кривичниот судот со одлука на Владата, сепак, Врховниот суд не го испочитувал договореното.

Од Врховниот суд, пак, изјавија дека организирањето на главната расправа не е во нивна надлежност и прашањата за тоа зошто било одложено судењето повторно ги упатија на адреса на Кривичниот суд.

М. С.

ВРХОВЕН СУД: Организирањето на судењето за „Дива Населба“ не е во наша надлежност

КРИВИЧЕН СУД: Врховниот суд не ја испочитува одлуката за отстапување на големата сала за судењето „Дива Населба“

СЛУЧАЈ „ДИВА НАСЕЛБА“: Забранет влез во Врховниот суд за адвокатите и за новинарите. Судењето одложено