/ Прочитано:

1.754

Судскиот совет ќе распише оглас за наследници на Неделкова и Панчевски

Мандатот на актуелните претседатели Лидија Неделкова, претседателка на Врховен, и Владимир Панчевски, претседател на Кривичниот суд, истекува во декември оваа година.

????????????????????????????????????

На седницата на Судскиот совет закажана за среда на дневен ред е Одлука за објавување оглас за избор на претседатели на Врховниот суд на Република Македонија и на Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Мандатот на актуелните претседатели Лидија Неделкова, претседателка на Врховен, и Владимир Панчевски, претседател на Кривичниот суд, истекува во декември оваа година.

Владимир Панчевски, претседател на Основен суд Скопје 1

На средба со новинарите на почетокот на септември Неделкова не потенцираше дали ќе побара реизбор на функцијата. Тогаш Неделкова рече дека два месеци пред истекот на мандатот Судскиот совет треба да објави оглас за избор на претседател, кој треба да се направи до 4 декември. Доколку не се избере во тој рок, се поставува вршител на должноста претседател.

Лидија Неделкова, Претседател на Врховен суд

Претседател на суд се избира од редот на судиите на Република Македонија, под услови, во постапка и на начин како што се врши избор за судија во соодветниот суд. Претседателот на судот се избира за време од четири години, со можност повторно да биде избран на истата функција уште четири години.

Според член 47 од Законот за судови:

(1) Претседател на суд се избира од редот на судиите на Република Македонија, под услови, во постапка и на начин како што се врши избор за судија во соодветниот суд. Претседателот на судот се избира за време од четири години, со можност повторно да биде избран на истата функција уште четири години.

(2) За претседател на суд се избира судија кој во последните две години од страна на Судскиот совет на Република Македонија е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број бодови, согласно со закон.

(3) Претседателот на судот има статус и функција на прв судија на соодветниот суд.

(4) Кандидатот за претседател на суд кон пријавата и другите документи приложува програма за работа во текот на мандатот.