/ Прочитано:

1.502

Судскиот совет на РМ на седница донесе Програма за поддршка на медијацијата

На седницата беше донесена и одлука за прибавување мислење од членовите на Судскиот совет на Република Македонија по предлог-распоредот за работа на Судскиот совет на Република Македонија за 2017 година, а беше донесена и Програма за поддршка на медијацијата.

Судски совет прослава на Денот на правосудството

Судскиот совет на Република Македонија на редовна седница донесе решение за престанок на судиската функција и функцијата претседател на Основниот суд во Гевгелија за Драги Дилберов, поради навршени 64 години. Во оваа насока, членовите на Судскиот совет донесоа одлука со која за вршител на должност – претседател на Основниот суд Гевгелија ја определија Злата Попова, судијка во Основниот суд во Гевгелија.

Исто така, Судскиот совет определи известители од редот на членовите на Судскиот совет на Република Македонија по поднесените барања за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција од Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност на судија.

На седницата беше донесена и одлука за прибавување мислење од членовите на Судскиот совет на Република Македонија по предлог-распоредот за работа на Судскиот совет на Република Македонија за 2017 година, а беше донесена и Програма за поддршка на медијацијата. Формирана е и работна група за изготвување предлог-одлука за утврдување на ориентациониот број предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните и апелационите судови, во Управниот суд, во Вишиот управен суд и во Врховниот суд на Република Македонија.

А. Б.