Судскиот совет објави оглас за избор на претседатели на неколку суда
Одлуката за објавување оглас за избор на претседатели се однесува за: Апелациониот суд Гостивар, Основниот суд Кратово и Основниот суд Виница.
Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за објавување оглас за избор на претседател во еден апелационен суд и во два основни суда во Македонија.
Одлуката за објавување оглас за избор на претседатели се однесува за:
- Апелациониот суд Гостивар;
- Основниот суд Кратово и
- Основниот суд Виница.