/ Прочитано:

1.531

Судскиот совет одлучи: Вонредно ќе се оценуваат кандидатите за претседател на Кривичниот и на Врховниот суд

Актуелниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ се тројцата кандидати за претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и тие ќе бидат оценувани за нивата работа во текот на 2015 година, па сè до 7 октомври оваа година, кога беше распишан огласот за избор на претседател на Судот. Истата постапка важи и за кандидатите за претседател на Врховниот суд, за актуелната претседателка Лидија Неделкова, како и за нејзините противкандидати судиите Јово Вангеловски, Снежана Бајлозова и Беса Адеми.

 

Судски совет на РМ, табла

Судскиот совет на денешната седница, која се одржуваше зад затворени врати, донесе одлука да се изврши вонредно оценување на кандидатите за претседател на Кривичниот суд и на Врховниот суд.

Според Законот за судски совет, се дозволува вонредно оценување на кандидатите за претседателската функција на овие два суда бидејќи во последните две години не била евалуирана работата и квалитетот на судиите кои сега се во трка за претседателското место.

Актуелниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ се тројцата кандидати за претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и тие ќе бидат оценувани за нивата работа во текот на 2015 година, па сè до 7 октомври оваа година, кога беше распишан огласот за избор на претседател на Судот. Истата постапка важи и за кандидатите за претседател на Врховниот суд, за актуелната претседателка Лидија Неделкова, како и за нејзините противкандидати судиите Јово Вангеловски, Снежана Бајлозова и Беса Адеми.

Исто така, на денешната седница, членовите на Судскиот совет донесоа заклучок со кој се задолжува Комисијата надлежна да ја следи работата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во согласност со годишниот распоред на работата на Судскиот совет на Република Македонија, да преземе дејствија и да изврши извиди во врска со состојбите во Основниот суд Скопје 1 – Скопје и да изготви извештај. Беше разгледан и Извештајот од работната посета на Апелациониот суд Битола и Основниот суд Битола. Донесена е одлука за времено упатување за вршење на судиска функција на судијата Емил Глигоров од Основниот суд Струмица во Основниот суд Берово, за период од 6 месеци од денот на упатувањето.

Судскиот совет ги разгледа и ги усвои извештаите за работата на судовите во Република Македонија за третиот квартал за 2016 година.

А. Б.