/ Прочитано:

1.443

Судскиот совет: Одлука за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно

Судскиот совет на Република Македонија известува дека на вчерашната 273-та седница донел одлука за формирање Комисија за спроведување на вонредно оценување на работата на кандидатите за претседатели на Апелациониот суд Скопје и Основниот суд Дебар и на кандидатите за судии на Врховниот суд на Република Македонија и Апелациониот суд Скопје за 2017 година и одлука за формирање Комисија за повторно оценување по изјавени жалби на решенија за вонредно оценување на работата на кандидатите за претседатели на Апелациониот суд Скопје и Основниот суд Дебар и на кандидатите за судии на Врховниот суд на Република Македонија и Апелациониот суд Скопје за 2017 година.

Исто така, Судскиот совет информира дека е донесена Одлука за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните и апелационите судови, во Управниот суд, во Вишиот управен суд и во Врховниот суд на Република Македонија во 2018 година.

Судскиот совет известува и за престанокот на судиската функција на Љиљана Ивановска-Шопова, претседател и судија на Апелациониот суд Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија, и за одлуката со која Лидија Димчевска, судија на Апелациониот суд Скопје е определена за вршител на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје.

На вчерашната седница за која известува Судскиот совет во врска со  Извештајот за АКМИС-системот беше одлучено членовите на Судскиот совет на затворен дел од седницата да го разгледаат Извештајот за АКМИС-системот за распределбата на судските предмети во Врховниот и во Кривичниот суд.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, рече дека на тој начин ќе се зачува интегритетот на судовите. Членот на Судскиот совет Влатко Самарџиски предложи разгледувањето на Извештајот за АКМИС-системот да биде јавно, но неговиот предлог не беше прифатен.

М.В