Судските преведувачи да направат промена на печатите
„Министерството за правда ги известува сите поставени постојани судски преведувачи дека согласно Амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија потребно е да направат промена на печатите за постојани судски преведувачи и наместо ‘Република Македонија’ да стои името ‘Република Северна Македонија’.
Исто така, согласно Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, ве известуваме дека не е потребно да се прави промена во решенијата кои се издадени од страна на Министерството за правда“, се вели во соопштението на Министерството.
М.В