/ Прочитано:

1.459

Судските реформи во фокусот на средбата меѓу министерот за правда и американскиот правен советник Џон Мекнил

Министерот за правда Билен Салији денеска оствари службена средба со официјалниот правен советник во Амбасадата на САД во РМ Џон Мекнил. Салији и Мекнил на средбата разговараа за чекорите  преземени од страна на Министерството за правда во однос на  спроведувањето на реформите во правосудниот сектор.

Министерот, исто така, го информираше советникот Мекнил и за последните измени на Законот за судовите  и  Законот за  Судскиот совет, Законот за јавното обвинителство  и Законот за Советот  на јавните обвинители,  за измените и дополнувањата на  Кривичниот законик и Законот за  кривичната постапка.

Тема на разговорот,  исто така, беше и  инсталирањето на  аудио- и видеоопремата за  снимање во судските сали. Министерот за правда го   информираше за инсталирањето на опремата, која се планира да се  инсталира  во Основниот суд Скопје 1 Скопје,   за што е започната тендерската постапка,  како и за  инсталирањето што треба да  се  изврши  во соработка со Судскиот совет  во судовите  со проширена надлежност  низ  целата територија на Македонија.

„Мекнил  вети дека ќе го поддржи  Министерството за правда на РМ за сите проекти  кои ќе помагаат во процесот за интеграција на земјата. И двете страни  се согласија  за понатамошна соработка, како и за  размена  на  искуства во  оваа област“, информираат од Министерството за правда.

M.В