Судските службеници ќе добијат право за исплата на додатоци на плата
Во собраниска процедура влезе Законот за судска служба, со кој се регулира правото на судските службеници да добиваат додатоци на плата.
„По завршувањето на собраниската процедура, судските службеници ќе добијат рамноправен статус и третман во однос на додатоците на плата, со што ќе се стави крај на повеќегодишната дискриминација врз судските службеници. Законот за судска служба покажа недостатоци во делот на системот на плати, додатоци и надоместоци на плати на судските службеници.
Констатираните недостатоци во утврдувањето на правата на вработените во судската администрација во Законот за судска служба, во делот за плати, додатоци и надоместоци на плати на судските службеници, особено се однесуваат на делот на правото на додатоци на плата, кои се одразија на целосната примена на Законот.
Имено, постои неуедначеност во утврдените додатоци на плата на вработените во судската служба со останатите вработени во правосудниот систем.
На овој начин вработените во судската администрација за извршување на исти задачи со други вработени во правосудни органи не можат да остварат исти права во делот на додатоците на плата.
Во Законот, како додатоци на плата, воопшто не се предвидени додаток на плата за посебни услови за работа, додаток на плата за постоење на висок ризик и додаток на плата за доверливост. Исто така се утврдува и постапка за заштита од арбитрарност на претседателите на судовите при одредување на додатоците на судските службеници“, велат од Министерството за правда.
Соопштение на УПОЗ за најава за штрајк доколку не се најде конечно решение за судските службеници
УПОЗ бара оставка од Судскиот буџетски совет
ШТРАЈК НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Преговори со надлежните институции закажани за идната недела
„Бараме да се повлечат лошите закони“ – протест на судската администрација
ШТРАЈК НА СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ: „Да се измени штетниот и демотивирачки Закон за судска служба!“
М.В