/ Прочитано:

1.369

Судството на дното на доверба кај граѓаните, кои укажуваат на корупција во правосудството

Денеска во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се одржа јавна дебата на тема „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“.

На денешниот настан говореа претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, министерот за правда, Бојан Маричиќ, и заменик-директорката на програмата на Меѓународниот републикански институт за Македонија, Илина Мангова.

На дебатата Ивановска посочи дека според податоците, околу 20 проценти од претставките што ги добива Државната комисија за спречување на корупцијата од граѓаните се однесуваат на правосудството.  Таа додаде дека и истражувањето на Меѓународниот републикански институт – ИРИ во периодот март – април 2021 година упатува на загрижувачки состојби за присутноста на корупцијата во правосудството.

Исто така, во Извештајот на Антикорупциската комисија се нотира дека со анализираните пријави правосудните органи се перципирани како области со најголем ризик од корупција, злоупотреба на службена должност и можност за судир на интереси, со што се потврдуваат сферите дефинирани и во Националната стратегија за борба против корупцијата.

Илина Мангова од ИРИ во своето обраќање истакна дека судството бележи континуиран пад на доверба кај граѓаните, односно се наоѓа на дното.  Само 23 проценти од граѓаните истакнале дека имаат доверба во правосудството. Дури 76 проценти од граѓаните истакнале дека немаат доверба во правосудството.

Според министерот за правда, со донесените стратешки документи, како што се: Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025 година во делот посветен на правосудството се создава можност за почеток на унапредување на судскиот систем.

„Донесени се реформски закони во насока на јакнење на независноста на судството и јавното обвинителство и јакнење на механизмите за превенција и борба против корупцијата. Од 2019 година имаме јасни, односно подобрени правила на однесување за судиите и јавните обвинители“, рече Маричиќ, кој додаде дека во насока на борбата против корупцијата иницирани се и голем број активности за спроведување на препораките на ГРЕКО.

Слабости и злоупотреба на законите, се вели во извештајот на ДКСК, кој е пред Комисијата за политички систем

Граѓаните поднеле 550 пријави со сомневања за постоење коруптивно однесување до Антикорупциската комисија

Антикорупциската комисија предлага донесување на Закон за потекло на имотот

Националната стратегија за спречување на корупцијата пред Комисијата за политички систем

Националната стратегија за спречување на корупцијата поднесена во Собранието

Донесена Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Антикорупциската комисија отвори предмет за Кочо Анѓушев

Тркалезна маса за Националната стратегија за спречување на корупцијата

Работилница за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Прв квартален извештај од следењето на Антикорупциската комисија

Преку отчетни институции до ефикасна борба против корупцијата

Конференција „Набљудување на успешноста на работата на ДКСК“

Антикорупциската комисија бара преиспитување на регулативата за привилегиите на поранешните претседатели

Антикорупциската комисија отвори нов предмет за договорот за детска кардиохирургија

Клиниката „Жан Митрев“ ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија

Антикорупциската комисија отвори повеќе предмети и бара Обвинителството да отвори постапка за дивоградбите на Матка

Започна проектот за следење на работата на Антикорупциската комисија

КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО

Антикорупциска: Кога премиерот би се избрал за министер за финансии, би настанала повреда на законските одредби

Антикорупциската комисија ќе ја усвојува Стратегијата за заштита на укажувачи

Меѓуинституционална соработка за борбата против корупцијата и перењето пари

Антикорупциската комисија ќе има пристап до податоците кои се банкарска тајна

Меморандум за соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Државната комисија за спречување на корупцијата

Средба на Антикорупциската комисија и граѓанските организации

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги утврди членовите и претседателот на Антикорупциската комисија

Собраниска постапка за утврдување предлог-листа за именување на претседател и членови на Антикорупциската комисија

Собранието ја објави ранг-листата на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата се наоѓа на многу ниско место

Оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Секој има право да пријави сомневање за корупција, се пропишува во новиот Закон за спречување на корупцијата

Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

М.В