/ Прочитано:

1.380

Свечена изјава на новоизбраните членови на Советот на јавни обвинители

Свечена изјава ќе дадат актуелниот претседател Петар Аневски, кој доби уште еден мандат во Советот, потоа Фиданка Рајевска, Деса Пауновска, Коле Штерјев и Арбер Исаку.

Совет на јавни обвинители, Петар Аневски претседател

Денеска во Собранието на Република Македонија пред претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељаноски, членовите на Советот на јавни обвинители кои се избрани од редот на јавните обвинители и од Собранието на РМ ќе дадат свечена изјава.

Свечена изјава ќе дадат актуелниот претседател Петар Аневски, кој доби уште еден мандат во Советот, потоа Фиданка Рајевска, Деса Пауновска, Коле Штерјев и Арбер Исаку.

Петар Аневски беше избран од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола. Тој доаѓа од ОЈО Битола и беше и единствениот кандидат од ова подрачје.

Од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар беше избрана Деса Пауновска, која е јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар.

Коле Штерјев доаѓа од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Одлуката за избор на Арбен Исаку за член на Советот на јавни обвинители ја донесоа пратениците на Собранието на Република Македонија.