Свечено доделување лиценци за адвокати во декемвриската сесија 2018 година
Триесет и двајца адвокати се здобија со лиценца за вршење на адвокатската дејност во декемвриската сесија 2018 година. Адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придружуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.
„Се колнам дека должноста адвокат ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба”, гласи свечената адвокатска заклетва.
Претседателот на Адвокатската комора на РМ, Љубомир Михајловски, на новите адвокати им посака успех, и изрази надеж дека тие ќе внесат нови погледи и напредок на адвокатурата во РМ, со што ќе бидат нејзина гордост. (М.В)