/ Прочитано:

974

Сведокот на хашкото обвинителство во процесот против Младиќ, сретнал четници, но не Срби туку Руси и Јапонци

Среда, 22 Август 2012 – Новинарот Ернаут Ван Линден, инаку сведок на хашкото обвинителство во процесот против генералот Ратко Младиќ, тврди дека сретнал четници, но не биле Срби туку Руси и Јапонци. 

Сведокот на хашкото обвинителство, новинарот на „Скај Њуз“ во судница тврдел дека за време на втората половина во 1992 година кога бил во Босна и Херцеговина не ги сретнал „Зелените баретки“.

Разбирам дека не е нужно сите да носеле зелени баретки, изјавил сведокот во вкрстеното испрашување. Не беше кажано дека дека постојат, па ние се распрашувавме. Бевме во различни делови на босанската армија, но не ги сретнавме. Србите ни кажаа дека постојат. Видов други воени групации, ги видов „Црните лебеди“, но „Зелените баретки“ не ги видов. 

На прашање на еден од бранителите на Младиќ, дали знае колку мухаџедини имало во тоа време во Босна, сведокот одоворил дека тој лично не видел воени групации од други земји.

Освен во една прилика на Грбавица (населба во ново Сараево). Таму сретнав Руси и еден Јапонец кој ми рече дека е „Јапонски четник“. Тоа беа неговите зборови. Запознаен сум со тврдењата дека во Сараево имало Мухаџедини. Покрај ограничувањата на новинарите во воената зона, ги баравме, но не ги најдовте, изјавил сведокот.

Адвокатот Бранко Лукиќ се интересирал дали новинарите се обиделе да дознаат нешто за мухаџедините?

– Ви реков дека се распрашувавме. Слушнавме за некој Трет корпус на босанската армија. Се сретнав со команданти и подофицири. И тие ми рекоа дека не ги виделе. Се што може новинарот да направи е да постави прашање, а дали на нас секогаш ни се кажува вистината? Се сомневам дека политичарите секогаш ја кажуваат вистината, одговорил воениот известувач за „Скај Њуз“.