Свештеник од Србија осомничен за убиство, а наесен е на суд за злоставување и мачење на зависници од дрога

Петок, 10 август 2012 –  Свештеникот Бранислав Перановиќ по вторпат ја шокира српската јавност, првиот пат е обвинет за злоставување на зависник од дрога, а од пред два дена е осомничен за убиство на друг зависник. За 13 септмеври е закажан главниот претрес за судскиот процес во кој свештеникот ќе одговара за злоставување и мачење на зависници од Центарот за рехабилитација „Црна Река“ што се наоѓа во Тутун, централна Србија.

Вишото јавно обвинителство во Шабац поднесе барање за истрага против свештеникот Бранислав Перановиќ кој е основач и сопственик на Центарот за одвикнување на наркотици, „Сретење“ од местото Јадранскa Лешницa. Тој е осомничен за убиство на зависникот Небојша Зарубац (39) од Ваљево. Телото на зависникот полицијата го пронашла во куќата на свештеникот која се наоѓа на само 2 километри од Центарот. Според информациите на обвинителството што ги пренесуваат српските медиуми, свештеникот ќе одговара за нанесување тешки повреди по рацете, нозете и трупот на Зарубац, по што тој починал од големиот број на удари, гушејќи се од желудечна течност.

Случај „Црна Река“

Пред да го отвори центарот во Јадранска Лешница, свештеникот пред неколку години го поседувал центарот  „Црна Река“ во општина Тутин. За овој центар со години српските медиуми објавувале за мачењата и тортурите на зависниците од страна на свештеникот, се додека тој заедно со уште едно лице не заработиле кривични пријави за злоставување и мачење. Додека нема судска разрешница  „Црна Река“ е под клуч. Свештеникот  своите сурови методи ги применува во нов идентичен  центар на друга локација во Србија. 

Адвокатот објаснил дека по 45 минутниот разговор  во кој свештеникот го убедувал зависникот да остане, му нанел лесни телесни повреди, на крајот се откажал од убедувањето и го оставил во собата. По 10 мунити свештеникот бил известен дека Зубарац починал. Одбраната на свештеникот тврди дека последните 23 зависници се самоубиле откако го напуштиле Центарот.