/ Прочитано:

1.322

Светските трендови покажуваат дека арбитражата сè уште има неприкосновено место кај бизнис-заедницата

Со цел да го приближи арбитражното решавање на спорови во Република Македонија до светските трендови, Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија на 28 и 29 март 2019 година организира дводневна Меѓународна арбитражна конференција, со поддршка на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) и Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

Централна тема на конференцијата ќе биде прашањето за унапредувањето на арбитражното законодавство во Македонија. Во моментот, домашното законодавство уредува различна правна рамка за споровите со меѓународен елемент и за споровите без меѓународен елемент.

Важечката правна рамка за споровите со меѓународен елемент е воспоставена во Законот за меѓународна трговска арбитража на Република Македонија од 2006 година, додека арбитражните постапки без меѓународен елемент во моментот се уредени со Законот за парничната постапка (Глава триесет – Постапка пред избрани судови).

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија е единствената функционална арбитражна институција во државата, со повеќедецениска традиција во решавањето на стопанските сторови, а веќе 25 години има и надлежност да решава спорови со меѓународен елемент.

Целта на конференцијата ќе биде да се отвори широка дискусија за домашното арбитражно законодавство преку презентирање на најдобрите регионални и европски практики, но и да се доближат светските трендови за решавањето на споровите до македонските компании.

Од Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија велат дека светските трендови покажуваат дека арбитражата сè уште има неприкосновено место кај бизнис-заедницата како најпрефериран метод за решавање на деловните спорови. Тоа го потврдуваат и податоците од арбитражното истражување спроведено минатата година, од страна на Универзитетот „Квин Мери“ од Лондон и Адвокатското друштво „Вајт и Кејс“, спроведено помеѓу претставниците на правните служби на компаниите, арбитри и адвокати. Кога станува збор за спорови со меѓународен елемент, податоците несомнено покажуваат дека арбитражата е префериран метод за решавање на споровите за речиси 97% од субјектите.

„При тоа, неколку карактеристики на арбитражата се посочуваат како преферирани обележја на овој метод за решавање на споровите, поради кој странките се одлучуваат да изберат арбитража пред кој и да било од другите алтернативни методи за решавање на деловните спорови. Тука пред сè се вбројуваат извршноста на одлуките, околноста што се избегнуваат националните правни системи и судовите во определена држава, како и флексибилноста на постапката, која може да се приспособи на потребите и очекувањата, што е од особена важност кога станува збор за спорови од некој специфичен сектор како енергетиката или градежништвото, или кога станува збор за странки кои потекнуваат од различни правни системи. Истовремено, за странките е важна нивната автономија во арбитражните постапки, која им дава можност да ги изберат арбитрите кои ќе постапуваат во конкретниот предмет, местото и јазикот на постапката, како и доверливоста, која е еден од основните принципи на арбитражната постапка“, додаваат од Постојаниот избран суд.

Светските трендови покажуваат дека Лондон, Париз, Женева, Сингапур и Хонг Конг се на врвот на листата на арбитражните центри, како и дека во следните години се очекува значително зголемување на користењето на арбитражата како метод за решавање на споровите и надвор од традиционалните трговски спорови, во области како енергетиката, градежништвото, информатичките технологии, банкарството и финансиите. Дополнително, трендовите покажуваат дека дигиталните технологии ќе добиваат сè поголемо значење во постапките за решавање на споровите.

Што е уште поважно, нагласуваат од Постојаниот избран суд – Арбитража,  99% од субјектите кои некогаш користеле арбитража за решавање на нивните спорови или биле вклучени на некој начин во арбитражна постапка, повторно би избрале арбитража за решавање на нивните спорови и би ја препорачале како поефикасен начин на решавање на споровите со меѓународен елемент.

Горан Рафајловски, претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, и д-р Татјана Штерјова, секретар на Постојаниот избран суд, велат дека статистичките податоци од работењето на Арбитражата покажуваат дека во Македонија речиси подеднакво се поведуваат арбитражни постапки со и без меѓународен елемент.

Така, на пример, во изминатите две години, 54% од постапките поведени пред Постојаниот избран суд – Арбитража биле спорови со меѓународен елемент, додека пак 46% биле внатрешни спорови. При тоа, просечното времетраење на постапките кои се водат пред Постојаниот избран суд – Арбитража постојано се намалува, и во 2018 година просечното времетраење на арбитражните постапки беше 186 дена, односно приближно шест месеци.

Компаниите недоволно ја користат арбитражата

Координативно тело ќе ги следи арбитражните постапки произлезени од меѓународни договори

Во светот дури 80% од стопанските спорови се решаваат по пат на арбитража

„Арбитражата во корист на бизнис заедницата“ – Меѓународна конференција во Софија

Книгата „Меѓународно арбитражно право“ на проф. д-р Тони Дескоски – прв учебник по меѓународно арбитражно право и корисно четиво за правните практичари

„Правните субјекти сакаат олеснето работење, а токму тоа им го нуди меѓународната арбитража“ – Зоран Андоновски, адвокат и судија во Меѓународниот арбитражен суд во Софија

Советите на правните застапници се клучни при алтернативното решавање на трговските спорови

АЛТЕРНАТИВНИТЕ ВОНСУДСКИ ПОСТАПКИ И ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДА: Европскиот парламент и Советот на ЕУ за медијацијата во граѓанските и трговските спорови

„Подготвуваме арбитражна судница. Времето на арбитражата допрва доаѓа“ – велат од Постојаниот избран суд ­Арбитража

Правната култура и довербата се клучни за арбитражното решавање на споровите

„ПРВО АНАЛИЗА, ПОТОА ИНВЕСТИЦИЈА“ – Адвокатот Филип Пенсол за правните ризици низ призмата на договорното и арбитражно право

ИНТЕРВЈУ СО НАЈДОБРИОТ ФРАНЦУСКИ АДВОКАТ ЗА АРБИТРАЖИ: Филип Пенсол, овогодишен предавач на Конференцијата на Академик

„И адвокатите имаат интерес од арбитражата не само како застапници туку и како арбитри“ — проф. д–р МИХАЈЛО ДИКА

АРБИТРАЖАТА Е ОДЛИКА НА ПРАВНАТА КУЛТУРА: На бизнис-секторот му е потребен брз механизам за решавање на споровите

Арбитражите во регионот ќе бидат конкурентни во однос на судовите – само со меѓусебна соработка и форсирање на знаење

М.В