СВР Охрид со Охрид со засилени мерки за полема безбедност во сообраќајот во туристичката сезона

Вторник, 25 јуни 2013 – Охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај отпочна со засилени мерки сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат законските одредби за безбедност во патниот сообраќај.

Во текот на вчерашниот ден, во времето од 13:00 до 19:00 часот полицијата активностите ги насочила кон возачите на моторни возила и моторцикли при што биле контролирани вкупно 120 учесници од овие категории.

„И покрај досегашните укажувања, насоки и апели, и понатака евидентна и несфатлива е неупотребата на заштитните кациги-шлемови кај дел од моторциклистите. Кај нив но и кај возачите на други моторни возила евидентирано е управување на возилата со измината важност на сообраќајната дозвола, бесправно управување со моторно возило, неносење возачка дозвола и други прекршоци. По тие основи, сообраќајната полиција од сообраќај исклучи три возила и возачи, изрече шест превентивни предупредувања и четири платни налози за наплата на глоба.Во пресрет на главната туристичка сезона, мерките на полициските службеници ќе бидат интензивирани и кон пешаците кои не ја почитуваат вертикална и хоризонтална патна сообраќајна сигнализација и преминуваат коловози на необележани места“, соопштуваат од СВР Охрид. 

Одриската полиција информира дека превентивни, но и други мерки ќе се преземаат кон неправилно и непрописно паркирани моторни возила на пешачки премини, во крстосници, на тротоари на пешачки и велосипедски патеки и на други места каде се попречува нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Дополнуваат дека вакви превентивни, но и казнени мерки кон учесниците во сообраќајот кои ги нарушат законските одредби ќе се спроведуваат во текот на целата туристичка сезона.