/ Прочитано:

1.219

ТАЧИ ВО СЈО: Кога правото зборува, политиката треба да молчи

Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, член на ДИК од редовите на ДПА, беа на листата на помилувани од претседателот на РМ Ѓорге Иванов.

Мендух Тачи

Заврши распитот на лидерот на ДПА Мендух Тачи кој денес беше повикан во Специјалното јавно обвинителство.

По распитот, Тачи кусо кажа дека изјавата што ќе ја даде за медиумите можеби нема да им се допадне на новинарите.

„Кога правото зборува, политиката треба да молчи“, рече Тачи и не одговори на прашањата во кое својство бил повикан во СЈО.

Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, член на ДИК од редовите на ДПА, беа на листата на помилувани од претседателот на РМ Ѓорге Иванов.

Денес во СЈО на распит се повикани и Силвана Бонева, сега член на ДИК, и Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР.