/ Прочитано:

984

Тексас 2012 година: Прошталните зборови на 9 осуденици на смрт

Четврток, 27 септември 2012 – Во очи на смртта сите го повикуваат Бог, вака барем изгледаат последните зборови на 9 осуденици на смрт коишто се погубени оваа година во Тексас. Тексашката полиција ги снимила нивните последни зборови пред да ги погубат со смртоносна инјекција, а ги пренесува ЕЈ-БИ-СИ Њуз.

Убиство 

Клив Фостер (48) бил осуден заради помагање на својот цимер да го сокрие мртвото тело на некоја жена во шума. До крајот на судењето тврдел дека е невин. Погубен е на 25 септември. Неговите последни зборови биле наменети за семејството на жртвата.

„Кога ќе ги затворам очите ќе бидам со Бог. Тој е се, тој е мојот живот“, рекол Фостер во очи на смртта, а потоа се свртел кон роднините на жртвата  и им рекол: „Не знам како ќе се чувствувате вечер, ќе се молам да се сретнеме во рајот“.

За Клив Фостер уште минатата година биле закажани 4 термини за вбризгување на смртоносната инекција, но се чекало на крајните одлуки на Врховниот суд од Тексас и Врховниот суд на САД. Фостер се надевал дека Врховниот суд на САД ќе му даде уште една шанса, но оттаму за кратко време дошла одлуката која ја потврдила неговата смртна казна.

Убиство на 5-мина

Вејн Харис (40)  е осуден за убиство на 5 лица. Во 2002 година тој пукал во пералната за возила од кадешто пред три дена претходно добил отказ. Погубен е на 20 септември. Харис не заборавил да го спомене и својот омилен бејзбол тим.

„Сакам да ви кажам дека ве сакам сите. Одам дома, ќе биде добро, не грижете се. Бог нека ги благослови „Тексас ренџерс“, рекол Харис пред да ја прими смртноносната инекција.

Киднапирање и убиство

Марвин Ли Вилсон (54) е егзекутиран во август заради убиство на 21 годишниот Џери Роберт Вилијамс што се случило во 1994 година. Вилсон прво го киднапирал, а потоа го убил Вилијамс. Пред да биде погубен неговите зборови биле „Готов сум“. Пред самиот крај рекол дека порано бил грешник, но сега си оди како светец.

„Боханон, Пег и Ким, ве сакам. Сине, живеј го животот како што кажал Исус, исто и мајка ти. Прегрни ја од мене и кажи и дека ја сакам. Знам дека тука дојдов како грешник, си одам како светец. Земи ме дома Исус, земи ме дома Бог. За да останам треба чудо. Те гледам Рич. Те сакам, ве сакам сите, спремен сум “, рекол Вилсон кој е погубен во август  годинава.

Грабеж и убиство

Јокејмон. Л. Херн кој е погубен во јули беше обвинет за убиство на 26 годишно момче откако  му го ограбил паричникот во 1998 година. Херн заедно со уште три лица  и се заканиле на жртвата со пиштол, ја натерале да влезе во сопственото возило, го однеле на напуштено место и му пукале во главата 12 пати. Херн последните зборови ги искористил за покара до неговата фамилија.

„Сакам да и порачам на мојата фамилија дека ја сакам и дека и посакувам среќа, спремен сум“, Реко Херн пред да биде усмртен“.

Грабеж и убиство

Биунка Адамс (29) бил осуден за грабеж и убиство од 2002 година, а усмртен е во април оваа година. Бил прогласен за виновен откако судијата утврди дека неговата намера да изврши грабеж во продавница завршила со убиство, пукајќи му во главата на 24 годишно момче. Освен убиството тој сексуално злоставувал и уште две жени кои случајно се нашле во продавницата. Го напуштил местото на злосторството, со една вреќа полна со пари. Адамс имал порака за неговата мајка.

„Прво, сакам да и кажам на мајка ми да не плаче. Нема причина да плаче, сите умираат. Секој има свое време, да не се грижи за мене. Силен сум. Му се извинувам на  мојот татко и на моите деца. Ве сакам сите. Ќе ве гледам сите. За жена ми, те сакам. Последните две години беа најдобри. Навистина сум горд на сите, моите деца, внуци и на мајка ми“.

Убиство на 11 месечно бебе

Џеси Џо Хернандез (47)  беше осуден на смртна казна минатиот март поради убиство на 11 месечно бебе. Тој бил бебиситер на починатото бебе и неговата постара сестра. Додека ги чувал децата ги удрил со батерија при што девојчето преживеало, но 11 месечното бебе умрело. На денот на егзекуцијата Хернандез рекол дека ја чувствува инјекцијата.

„Кажете му на син ми дека го сакам. Бог ги благослави сите. Ќе продолжам да одам со Бог. Ја чувствувам инјекцијата, почна да делува, не е лоша“, рекол Хердандез кој е погубен во март.

Двојно убиство

Кејт Стивен од Магнолија, Тексас, ја убил својата поранешна жена и нејзиното момче. Тој за време на судењето тврдел дека е невин. Обвинет е за убиство од 2001 година, откако судот утврдил дека тој ги застрелал двајцата во станот на неговата поранешна жена. Погубен е на 7 март, а и во неговите последни зборови тврдел дека е невин.

„Се колнам во Бог дека сум невин, не ја убив жена ми, нејзиното момче пукаше во неа. Ајде, решете веќе еднаш. Можам да ја почувствувам инјекцијата“, рекол Стивен.

Грабеж и убиство

Џорџ Ривас (41) пукал во полициски службеник откако тој се обидел да го спречи при грабеж на магацински простори полни со спортска опрема. Тој бил уапсен, прогласен за виновен и осуден на смрт. Пред да биде погубен во февруари на светот му порачал дека е спремен да си оди.

Сремен сум да си одам, прво да се извинам на семејството на полицаецот, не заради тоа што сум тука, туку затоа што ова конечно заврши. Верувам дека заслуживте ваков крај. Благодарен сум и на жена ми што беше дел од мојот живот. Многу те сакам, благодарен сум и на моите сестри, пријатели, мојот син и целата фамилија. Сите ве сакам. Благодарен сум на се во мојот живот. На жена ми порачувам дека ја чекам. Одам, спремен сум“, рекол Ривас.

Киднапирање, силување и убиство

Родриго Хернандез (38) е првиот осуденик кој е погубен во 2012 година. Тој на паркинг најпрво киднапирал една жена, ја силувал и на крајот ја убил. Телото го завиткал во кеса и го фрлил во парк. За себе рекол дека е син на моќниот Бог и е спремен да оди кај него.

„Спремен сум, сакам на сите да им кажам дека ги сакам. Дигнете глава сите. Сите ние сме семејство, луѓе на моќниот Бог, спремен сум“, рекол Хернандез.