/ Прочитано:

5.374

Текстот на предлог-измените на Законот за извршување кои се во фаза на подготовка

Министерството за правда го објави Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување. Во објавената верзија на текстот на законот се содржани и мислењата и предлозите за законските измени од страна на Комората на извршители на Република Македонија, Адвокатската комора на Република Македонија и Стопанската комора на Република Македонија.

ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ

Во извештајот за регулативата се вели дека причини за проблемите кои се предмет на разгледување се: составување на барањата за извршување, приговори против извршните дејствија на извршителите и жалбите против решенијата на првостепените судови на извршно дејствие во предметите по извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 евра, што задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис, процедурата за спроведување на конкурс за именување на извршител, која е комплицирана и која нема да придонесе за именување на постручни лица од кандидатите за извршители, како и задолжителниот обид за вонсудска наплата на долгови, кои како што се наведува во извештајот предизвикаа големи реакции поради нејаснотии при нивната примена и посложени постапки за нивно спроведување, на што реагираа и правните лица и доверителите кои имаат побарувања од комунални услуги.

Едно од прашањата што се разгледува и разработува во предложените законски измени е и прашањето за барањето за извршување. Имено, според актуелното законско решение, барањето за извршување на извршната исправа доверителот го поднесува до извршителот во писмена форма со приложување на извршната исправа во оригинал. Барањето за извршување на извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 eвра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис, освен во случаите кога доверител при извршувањето е Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице.

Алтернатива предложена од Стопанската комора

Како алтернатива, Стопанската комора предлага барањето за извршување на извршната исправа доверителот да го поднесува до извршителот во писмена форма со приложување на извршната исправа во оригинал. Барањето за извршување на извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 eвра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис, или дипломиран правник со положен правосуден испит кој со странката е во работен однос.

Алтернатива предложена од Адвокатската комора

Адвокатската комора на РМ, пак, како што се наведува во текстот на Предлог- законот, предлага барањето за извршување на извршната исправа доверителот да го поднесува до извршителот во писмена форма со приложување на извршната исправа во оригинал. Барањето за извршување на извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 5.000 eвра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис…Целосниот текст на предложените законски измени на Законот за извршување.

М.В