/ Прочитано:

1.410

ТОП СОВЕТИ ЗА АДВОКАТИ: Најважно е со каков клиент ти би сакал да работиш!

Адвокат си станал на време, некаде околу 26тата година. Си отворил канцеларија во “убавите времиња”, си работел со сите што веројатно сакале да те ангажираат. Што немаш видено: побогати и посиромашни, нељубезни и културни, за пари или на рабуш, со поголеми или помали проблеми. Работите доаѓале спонтано, по препорака, ниту еден грам маркетинг ниту ти требал, ниту си знаел.

Дојде времето на суровите бројки. Адвокатските услуги се дел од буџетите на компаниите, па и на обичниот народ, како се намалуваат буџетите (а се намалуваат постојано), така почнуваш да се интересираш за менаџмент и за маркетинг. За поголема видливост и поефиксна веб страна. Да ти помогнеме: порано или подоцна треба да се запрашаш:

 а со какви клиенти сакам да работам јас?

Одговорот на ова прашање може да ти биде пресвртница во кариерата. Ајде да ја направиме вежбава заедно: Мојот идеален клиент треба да е:

  • брзорастечка Македонска компанија, која
  • би се ширела на Балканскиот пазар и
  • се занимава со дистрибуција на прехрана, на која
  • јас ќе и понудам софистицирана услуга во подрачјата на
  • финансиско право, даночна оптимизација и  администрација во дистрибутивните системи.

Отвори весник и види дали во Македонија постојат такви компании. Одбери ги петте најдобри и структурирај своја понуда до нив. Заведи ги, раскажи им што ти можеш да направиш за нив. До крајот на годината мораш да имаш барем еден нов договор со твојот идеален клиент.  Идеално би било со сите 5!

 Објавено: 17.07.2012