/ Прочитано:

1.257

Трајко Вељаноски закажа координативна средба во вторник

Трајко Вељаноски, претседавач со Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, објави соопштение во врска со барањето од 67 пратеници за закажување на продолжение на Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав.

„Денес во Собранието на Република Македонија ми беше доставено барање од 67 пратеници за закажување на продолжение на Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, започната и прекината на 30 декември 2016 година. Од тие причини, а по извршените консултации со овластените претставници на политичките партии застапени во парламентот, закажав координативна средба за вторник, 21 март 2017 година, во 12 часот. На координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата кој ќе послужи како основ за закажување на продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија“, се вели во соопштението на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

СДСМ достави иницијатива за продолжување на конститутивната седница од 30 декември