/ Прочитано:

1.586

Трамп му даде отказ на директорот на ФБИ, Џејмс Коми – „Њујорк Тајмс“: Ова е нов „Вотергејт“

Во писмото што претседателот Трамп му го упатил на Коми се наведува дека одлуката за неговата смена стапува во сила веднаш. „Иако многу го ценам тоа што во дури три одвоени прилики ме известивте дека не сум под истрага, сепак се согласувамсо оценката на Министерството за правда дека Вие не сте во состојба ефикасно да го водите Бирото. Од суштинска важност е да поставиме ново раководство за ФБИ, кое ќе ја поврати довербата на јавноста во неговата мисија која е во насока на примена и спроведување на законите“, наведува Трамп во писмото до Коми. Официјалната причина за тргнувањето од функцијата директор на ФБИ е дека Џејмс Коми лошо ја водел истрагата за аферата со електронската пошта на противкандидатката на Трамп, Хилари Клинтон. Но, како што оценува „Асошиејтедпрес“, отказот за директорот се случува во момент кога Бирото води истрага околу сомнежите за врските со Русија на лица од тимот на Трамп во текот на претседателската кампања, што остава простор за сериозни сомнежи околу сето ова. Престижниот „Њујорк тајмс“ ненадејниот потег на Трамп го споредува со аферата „Вотергејт“.

Американскиот претседател Доналд Трампденеска донесе, како што пишуваат светските медиуми, шокантна одлука да го смени директорот на Федералното биро за истрага (ФБИ) Џејмс Коми, човекот кој беше поставен на чело на агенцијата задолжена за истрагата околу евентуалната поврзаност на предизборната кампања на Трамп со Русија.

Администрацијата на Белата куќа информира дека претседателот ги прифатил препораките од страна на државниот обвинител Џеф Сашенс и заменик државниот обвинител во врска со смената на директорот на ФБИ, а во соопштението од Белата куќа се наведува дека  веднаш ќе се отпочне со избор на нов директор на истражната агенција.

Во писмото што претседателот Трамп му го упатил на Коми се наведува дека одлуката за неговата смена стапува во сила веднаш.

„Иако многу го ценам тоа што во дури три одвоени прилики ме известивте дека не сум под истрага, сепак се согласувамсо оценката на Министерството за правда дека Вие не сте во состојба ефикасно да го водите Бирото. Од суштинска важност е да поставиме ново раководство за ФБИ, кое ќе ја поврати довербата на јавноста во неговата мисија која е во насока на примена и спроведување на законите“, наведува Трамп во писмото до Коми.

Официјалната причина за тргнувањето од функцијата директор на ФБИ е дека Џејмс Коми лошо ја водел истрагата за аферата со електронската пошта на противкандидатката на Трамп, Хилари Клинтон.

Сменувањето на Коми доаѓа откако неговото минатонеделно сведочење пред Сенатскиот комитет за правда покажа дека директорот на ФБИ давал погрешна информација за мејловите на Клинтон.

На 3 мај, во текот на своето сведочење пред Сенатскиот комитет, Коми рече дека Хума Абедин, советничката на Клинтон, префрлила „стотици и илјадници мејлови, некои со доверлива содржина“ на својот тогашен сопруг.

Но, во текот на вчерашниот ден, Комитетот прими служено писмо од ФБИ во кое се наведува дека Абедин има префрлено само два врзани мејлови, со класифицирана содржина и тоа преку службениот „блекбери“.

Коми целата истрага против Хилари Клинтон ја водеше испитувајќи дека кога била државен секретар, таа и некои од најблиските советници разменувале електронска пошта со службена содржина, преку нејзиниот приватен сервер.

Во јули минатата година, тој соопшти дека ја запира истрагата против тогаш претседателската кандидатка Клинтон, но на само 11 дена пред гласањето за нов претседател на САД, Коми соопшти дека одново ја отвора истрагата. Хилари Клинтон, уште веднаш по соопштувањето на изборните резултати, го обвини директорот на ФБИ дека со својата одлука директно влијаел врз исходот на изборите и врз нејзиниот неочекуван пораз.

Сега веќе сменетиот директор, на сослушувањето во Сенатот ги отфрли таквите нејзини обвинувања и рече дека одново би реагирал на истиот начин.

Но, како што оценува „Асошиејтедпрес“, отказот за директорот се случува во момент кога Бирото води истрага околу сомнежите за врските со Русија на лица од тимот на Трамп во текот на претседателската кампања, што остава простор за сериозни сомнежи околу сето ова.

ФБИ и три комитети на Конгресот водат истрагаза вмешаност на Русија во претседателските избори 2016 година. Како прв човек на ФБИ, Коми водеше комплексна контраразузнавачка истрага за овој случај. Во САД веќе се шпекулира дека новиот директор на ФБИ што ќе биде назначен од страна на Трамп би можел целосно да ја повлече истрагата или, пак, да не ја води толку агресивно, како што тоа го правеше Коми.

Директорите на Федералното биро за истрага имаат мандат од 10 години, а 56-годишниот Џејмс Коби беше именуван на оваа функција пред четири години.

Ваквата одлука на претседателот Трамп, според американските медиуми, предизвика „вчудовиденост“ во политичката јавност во Вашингтон и неверување, затоа што станува збор за потег каков што немало од почетокот на седумдесеттите години на 20 век и времето на тогашниот претседател Ричард Никсон. Престижниот „Њујорк тајмс“ ненадејниот потег на Трамп го споредува со аферата „Вотергејт“, односно чистката која своевремено во Министерството за правда ја спроведе претседателот Никсон. Во оваа чистка, позната како „Масакрот од саботната вечер“, Никсон од функцијата специјален обвинител за случајот „Вотергејт“ го смени Арчибалд Кокс.