/ Прочитано:

2.316

Транспарентноста на цените на правните услуги – услов за конкурентноста на правниот пазар во Велика Британија

Само 17 % од адвокатите и други даватели на правни услуги јавно ги објавуваат своите ценовници на интернет, така што голем број клиенти се без информации за тоа колку треба да платат за некоја правна услуга. Во студијата што ја направило ова регулаторно тело се вели дека секторот во Велика Британија кој е ориентиран за давање правни услуги не работи доволно во поглед на заштитата на индивидуалните потрошувачи и за малите бизниси и поради тоа тие остануваат без доволно информации кои им се потребни за да го искористат пристапот до правдата и правните прашања кои ги интересираат за некои нивни случаи. Недостигот од транспарентност ја слабее конкуренцијата помеѓу оние што нудат правни услуги и потрошувачите, а и помеѓу самите даватели на услуги. Затоа неопходно е брзо зголемување на транспарентноста за цената, за услугите и нивниот квалитетот, во интерес на потрошувачите.

Адвокат потпишување

Пред неколку дена Регулаторното тело за конкуренција и пазари во својот извештај донесе препорака во врска со правните услуги во Велика Британија. Имено, препорачуваат дека адвокатските фирми јавно мораат да ги истакнат цените на своите услуги со цел клиентите да имаат подобар и потранспарентен увид во услугата што ја плаќаат.

Само 17 % од адвокатите и други даватели на правни услуги јавно ги објавуваат своите ценовници на интернет, така што голем број клиенти се без информации за тоа колку треба да платат за некоја правна услуга. Во студијата што ја направило ова регулаторно тело се вели дека секторот во Велика Британија кој е ориентиран за давање правни услуги не работи доволно во поглед на заштитата на индивидуалните потрошувачи и за малите бизниси и поради тоа тие остануваат без доволно информации кои им се потребни за да го искористат пристапот до правдата и правните прашања кои ги интересираат за некои нивни случаи. Потрошувачите тешко доаѓаат до информации бидејќи давателите на правни услуги не се доволно транспарентни за услугите што ги нудат, за цената на услугите и за квалитетот на услугите.

Недостигот од транспарентност ја слабее конкуренцијата помеѓу оние што нудат правни услуги и потрошувачите, а и помеѓу самите даватели на услуги. Затоа неопходно е брзо зголемување на транспарентноста за цената, за услугите и нивниот квалитетот, во интерес на потрошувачите.

Регулаторното тело за конкуренција треба да пропише минимум стандарди за отворање на адвокатските фирми спрема потрошувачите. Вообичаено, адвокатите наплаќаат од час, но тие практики често се заменуваат со наплаќање преку фиксна цена за правната услуга.

Цената за правен совет се движи од 110 до 200 фунти, додека за долга постапка при развод на брак адвокатите наплаќаат од 1 260 до 3 000 фунти, па според тоа ова тело препорачува адвокатските фирми да ги истакнуваат и редовно да ги ажурираат цените за услугите на своите веб-страници.

Независната компанија „Ло суперстор“, која врши истражување на пазарот за правни услуги, утврдила дека минатата година потрошувачите ги преплатиле адвокатските канцеларии за околу 500 милиони фунти поради недоволни информации.

Рејчел Мерили, извршна директорка за пазари и спојувања при Регулаторното тело, за весникот „Гардијан“ изјавила дека и покрај тоа што на луѓето можеби нема да им бидат потребни адвокати и правни услуги многу често, кога ќе имаат потреба од такви услуги, тие треба да бидат транспарентни и достапни за нив.

Пол Филип, директор на Адвокатското регулаторно тело во Англија и Велс, ја поздравува одлуката на Регулаторното тело и задоволен е со неговата заложба за подобрување и развивање на правната професија во Велика Британија.

Граѓаните во Англија и Велс плаќаат околу 11-12 милијарди фунти годишно за правни услуги во области како што се: трговското право, работните односи, семејното право, сопственост, оставински постапки.