Трет циклус студентски обуки – практични вежби од кривичното право
На 11 април 2017, во организација на Академик, започнува трет циклус обуки за студенти и млади правници посветени на практичните вежби од кривичното право. Обуките ќе се одржуваат во најсовремениот едукативен и тренинг центар на Академик.
На практичните обуки од областа на кривичното право ќе се говори за претходна постапка, поднесувањето обвинение, главната расправа и пресудите.
Во врска со овие прашања, на обуките и практичните вежби ќе бидат презентирани практични примери за притвор, одземање патна исправа, ограничување на дејство и движење.
На обуките ќе биде реализирана и симулација на главната расправа и практична вежба за изготвување на обвинителен акт и пишување пресуда.
Предавач на обуката ќе биде судијата Огнен Ставрев од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој има долгогодишно искуство во кривичната област, работејќи на значајни и тешки случаи од организираниот криминал.
Целта на практичните обуки за студентите по право е да се надгради академското знаење на студентите и да се подобрат нивните практични вештини, како услов за нивно подобро профилирање во правничката професија.
(Деталите за практичните обуки за студенти можете да ги погледнете и на следниов линк)
Агенда за третиот циклус студентски обуки
- Претходна постапка – 11 април 2017
- право неправо
- постапка за пријавување
- предистражна постапка
- посебни истражни мерки – практична вежба за пишување барање за определување на ПИМ до судија на претходна постапка
- истражна постапка – рокови, распити на сведоци, обвинети, вештачења и докази
- мерки на претпазливост (практични примери)
- Поднесување обвинение – 20 април 2017
- обвинение (обвинителен предлог и обвинителен акт)
- практична вежба за изготвување на обвинителен акт
- оценка на обвинителен акт – совет за оцена на обвинителен акт
- Главна расправа – 26 април 2017
- воведен говор на јавниот обвинител и одбраната
- симулација на главна расправа
- Пресуди – 3 мај 2017
- осудителна
- ослободителна
- одбивателна
- практична вежба за пишување на пресуда