6 јуни, 2013 11:42
paula
/ Прочитано:
Трета жртва на протестите во Турција, бројот на повредени е преку 4000 лица
Четврток, 6 јуни 2013 – Турската полиција продолжува со примена на сила врз демонстрантите, иако владата во Анкара разговараше со претставници на протестите, а бројот на жртвите на полициското насилство се зголеми на три лица. Полицијата синоќа во Анкара употреби водени топови и солзавец на протестите, кои беа предводени од синдикатите.
Полицијата синоќа околу плоштадот Кизилај во Анкара употребила водени топови и солзавец против демонстрантите, пренесуваат турските меидуми. Според натписите, во протестите во главниот град, учествувале пред се Синдикатите. Според новинаската турска агенција Анадолија, во најновите протести во Анкара се уапсени 9 лица.
Во досегашните судири на полицијата со демонстрантите загинаа три лица. Еден активист синоќа им подлегнал на повредите здобиени во Анкара. Бројот на повредени надминал 4.000 лица, од нив 42 се во критична состојба, соопштуваат Здруженија на лекари. Од друга страна, власта соопштува за околу 300 повредени лица. Од петокот наваму, масовни протести се одржуваат во повеќе градови низ Турција