/ Прочитано:

2.338

Трговските трустови во европското приватно право

Уредници:  Michele Graziadei, Ugo Mattei и Lionel Smith Превод: проф. др. Димитар Гелев Објавено: Cambridge University Press, 2005


Света Петка - Богородица Тројеручица (Treuhand или Treu und Glauben)

Овој прашалник нема за цел да изнуди одговори што на читателот ќе му кажат дали “трустот” е дел од правниот систем опфатен со националниот извештај или не. Тој има за цел да дознае какво е правото во однос на некоја фактичка ситуација. Без оглед на тоа, набрзо ќе стане јасно дека двете страни на Каналот (Ламанш) даваат одговори што потсетуваат на институциите што сличат на труст (иако секако тоа не е случај на целиот европски континент).

Шпанската “fiducia cum amigo”, германската и австриската “Treuhand” креирана за управување со имотот, италијанската “fiducia a scopo di gestione” итн. се примери за овој феномен. Во историска перспектива, сите овие се трансакции inter vivos (меѓу живи) што се концептуализирани под насловот “труст” како последица на обновата на ромејската правна традиција и повторното откривање на германските правни антики што се случило во XIX век. Тие се структурно блиску до договорот за мандат без право на застапување. Во некои случаи стананува збор за класична дистинкција без некоја разлика. Во текот на XX век, академските автори во извесна мерка придонеле за овие прашања и се вклучиле во текот на civil law правното размислување. На ваков начин тие го подготвиле патот за иновациите што евентуално вродиле со плод и во правната пракса. Фактот што за многу цели зборовите како “fiducia” или “Treuhand” можат да се преведат како “труст”, барем во секојдневната употреба на тие зборови, сепак не значи дека тие така и треба да се преведуваат. Читателите треба да знаат во секој конкретен случај на која правна институција упатува извештајот. Затоа ваквите изрази често ќе останат непреведени, но да се зборува за “фидуцијарен договор” или за “фидуцијарен пренос на сопственоста” не е несоодветно упатувањето на некоја од тие институции. Иако англискиот термин, самиот по себе, нема некое утврдено значење во континенталниот дел од Европа, тој ќе го побуди вниманието на читателите на контекстот на кој му припаѓа таа институција. Постои простор за исклучок од овој приод кога го разгледуваме случајот 7. Затоа што во тој случај се зборува за труст регулиран со правото на Jersey и одговорот се обликува со користењето на поимот “труст” што е карактеристичен за тоа прашање.

>> Прочитај го целиот текст.