/ Прочитано:

922

Тринаесет телевизии и радио станици незаконски емитувале буџетски реклами

Вторник, 22 јануари 2013Тринаесет телевизии и радио станици недозволено емитувале реклами платени од државниот и од буџетот на локалната самоуправа, во периодот откако се распишани претстојните локални избори, соопште денеска Советот за радиодифузија.

Мониторингот бил спроведен на 12, 13 и 14 јануари врз телевизиите МРТ1, МРТ2, Собраниски канал, Макпетрол ДООЕЛ, Сонце, Скај Нет, БТР, МТМ, Радио Канал 77, Ера, Амазон, 24 Вести и регионалниот сервис на Алфа.

Советот сепак реши да не ги казни, туку само да ги опомене телевизиите бидејќи поголемиот дел од нив недозволеното рекламирање го правеле само еден ден по распишувањето на изборите, што за претставниците од СРД е знак дека се работи за нивна неинформираност, а не за тенденциозно емитување реклами платени од државниот и општинските буџети.

Од СРД апелираа до уредниците на медиумите да внимаваат бидејќи се предвидени високи казни и за нив и за радиодифузерите.