/ Прочитано:

861

Тркалезна маса на тема „Локалната самоуправа во контекст на правната, управувачката и политичката култура“

На 17 септември на Правниот факултет при Воронешкиот државен универзитет, Русија се одржа тркалезна маса на тема „Локалната самоуправа во контекст на правната, управувачката и политичката култура“, организирана од координаторот на Договорот за соработка меѓу Воронешкиот државен универзитет и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Македонија, проф. д-р Наталија Бутусова и претставници на УГД кои учествуваа во свечените манифестации по повод празнувањето на 100-годишнината на Воронешкиот државен универзитет.

„Со поздравен говор на учесниците на тркалезната маса им се обрати деканот на Правниот факултет, проф. д-р Јуриј Старилов. Претставниците на Правниот факултет и на Катедрата за социологија и политологија при ВГУ – учесници и постдипломци на Правниот факултет и македонските колеги дискутираа за актуелните проблеми поврзани со потребата од повишувањето на политичката, правната и управувачката култура со цел поактивно привлекување на населението, односно граѓаните да учествуваат во реализацијата на локалното самоуправување.

Претставниците на УГД доц. д-р Кристина Мишева, доц. д-р Марија Амповска и Костадин Голаков и координаторот на Договорот од страна на ВГУ, проф. д-р Наталија Бутусова, дискутираа за перспективите на понатамошната соработка со деканот на Правниот факултет при ВГУ проф. д-р Јуриј Старилов. На средбата со проректорот за наука и иновации проф. д-р Василиј Попов беа наведени конкретни насоки за проширување и интензивирање на соработката меѓу двата универзитети“, информираат од Правниот факултет при УГД.

М.В