Тркалезна маса на тема: „Воедначување на казнената политика“
Четврток, 20 јуни 2013 – Денеска во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители со почеток во 10 часот ќе се одржи тркалезна маса на тема: „Воедначување на казнената политика“.
Тркалезната маса е наменета за Прекршочните комисии на Царинската управа на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи и за судиите на Управниот суд и Вишиот управен суд.
Осврт на темата подробно ќе дадат Загорка Тноковска, судија на Вишиот управен суд, Методи Мицевски, началник на Oдделението за прекршочна постапка, Царинска управа на Република Македониј, Боби Петковски, началник на Одделението за прекршочна постапка, Министерство за внатрешни работи, Лилјана Аксенова Попова, раководител на Одделение за присилна наплата, Управа за јавни приходи.