/ Прочитано:

355

Тркалезна маса за имплементацијата на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родените

„Имплементација на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родените- предизвици, научени лекции и идни чекори за системско решение на проблемот” е темата на тркалезната маса која МЗМП ја организираше во рамки на проектот „Застапување интереси, правна помош и правно застапување на лица од интерес и спречување и намалување на бездржавјанството” кој го спроведува како партнер на УНХЦР – Скопје.
Во својот поздравен говор, претставничката на УНХЦР – Скопје, Моника Сандри, изрази силна поддршка до сите актери вклучени во имплементацијата на Законот. На настанот, Мабера Камбери од Министерство за труд и социјална политика ја претстави акцијата за запишување на неевидентираните, како и Законот за запишување на неевидентираните во матична книга на родени.
Државниот секретар на Министерство за правда, Мухамед Точи зборуваше за имплементацијата на законот, додека Васка Бајрамовска Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народен Правобранител го презентираше посебниот извештај на Канцеларијата на Народниот правобранител за Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родените.

Предложени измени на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени

Неопходно е донесување на итно и системско решение за лицата кои не се запишани во матичната книга на родените

Неевидентираните лица да се евидентираат во матичната книга на родени, се пропишува во новиот закон, кој е во собраниска процедура

Ратификацијата на Конвенцијата  за  намалување на бездржавјанството пред собраниските комисии

Законот за ратификација на Конвенцијата за намалување на бездржавјанството во собраниска процедура

Усвоена информацијата за пристапување кон Конвенцијата за намалување на бездржавјанството

МЗМП: Ажуриран Индексот за бездржавјанство, со краток приказ на македонски јазик

Системски решенија за регистрација на лицата без документи

Европската мрежа против бездржавјанство ги повикува европските земји да го запрат бездржавјанството кај децата

Промовиран извештајот „Ромите припаѓаат – Бездржавјанство, дискриминација и маргинализација на Ромите во Западниот Балкан и Украина“

М.В