Тркалезна маса за Националната стратегија за спречување на корупцијата
Државната комисија за спречување на корупцијата организира настан (8 – 10 октомври 2019 година) посветен на примената на Законот за спречување на корупцијата и на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020 – 2024, на кој треба да земат учество претставници на сите релевантни институции и организации, како и домашни и меѓународни експерти.
На денешниот настан беше претставено и мотото на Националната стратегија, кое гласи: „Со ум во антикорупциски бум“.
Претседателката на Комисијата истакна дека во следниот период Комисијата, во соработка со сите релевантни фактори од јавниот и од невладиниот сектор, како и во соработка со стручната јавност, ќе ја изготви Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020 – 2024, чија цел ќе биде борба против корупцијата, со акцент на јакнењето на јавната свест.
„Сведоци сме на голем број закони дизајнирани на начин што не обезбедува соодветна заштита на јавниот интерес. Но, сведоци сме и дека постојат законски одредби кои предвидуваат решенија за заштита на интересот на граѓаните, но се случува тие што треба да ги применат да бараат начин како да не ги применат, повторно со цел да задоволат интереси на одредени групи“, истакна Ивановска.
На настанот се обратија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, потоа заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, како и проф. д-р Методиј Чепреганов.
„Лоцирана со години наназад како една од најголемите слабости на нашето општество, корупцијата може да се констатира дека е канцер на здравото функционирање на една држава. Последниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија нотира добар напредок преку консолидирање на евиденција во истражувањето, гонењето и обидот на решавање предмети на корупција на високо ниво, како и преку промени во законодавството. Задоволен сум од новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси затоа што неговата примарна цел беше зајакнување на улогата и независноста на Државната комисија и генерално зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка и постигнување на поефикасна превенција и борба против корупцијата“, истакна претседателот на Собранието.
„Областа за која денес разговараме – борбата против организираниот криминал и корупцијата, особено во насока на имплементацијата на принципот на владеењето на правото, претставува една од најважните области за Европската Унија, и ова сум го повторил повеќе пати, област за која земјите членки на ЕУ имаат низок степен на толеранција за евентуален неуспех“, подвлече Османи во своето обраќање.
„Стартот на преговорите почнува со Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права, каде што најголемо внимание има токму оваа област – борбата против организираниот криминал и корупција. Како што знаете, ова поглавје се отвора прво, но се затвора последно, бидејќи е ова најважната област по која Европската Унија го цени напредокот на земјите“, додаде Османи.
„Со изборот на непартизирана Антикорупциска комисија беше поставен еден од темелите на реформите на правосудниот систем. Со таа цел се дизајнираше и новиот Закон за спречување на корупција и судирот на интереси. Државната комисија за спречување на корупцијата е зајакната логистички и финансиски. Ја менуваме перцепцијата во јавноста. Постои политичка волја и подготвеност на Владата за справување со корупцијата во државата“, рече министерот Поповски.
„Корупцијата е страст, немоќ на заробен ум и на нарушена совест“, нагласи професорот Чепреганов, образложувајќи дека алчноста, во која спаѓа и корупцијата, е секогаш составен дел од психопрофилот на една лошо изградена личност.
Неколкудневната работилницата е поделена во неколку групи за идентификација на ризикот од корупција, и тоа: политички систем и политички партии; правосудство; органи за спроведување на законите; јавен сектор; урбанизам, животна средина и земјоделство; образование, спорт и труд и социјална политика; здравство; јавни претпријатија и АД во државна сопственост; економија и бизнис-сектор и граѓански сектор и медиуми.
Работилница за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси
Прв квартален извештај од следењето на Антикорупциската комисија
Преку отчетни институции до ефикасна борба против корупцијата
Конференција „Набљудување на успешноста на работата на ДКСК“
Антикорупциската комисија отвори нов предмет за договорот за детска кардиохирургија
Клиниката „Жан Митрев“ ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија
Започна проектот за следење на работата на Антикорупциската комисија
КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО
Антикорупциската комисија ќе ја усвојува Стратегијата за заштита на укажувачи
Меѓуинституционална соработка за борбата против корупцијата и перењето пари
Антикорупциската комисија ќе има пристап до податоците кои се банкарска тајна
Средба на Антикорупциската комисија и граѓанските организации
Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата се наоѓа на многу ниско место
Оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата
Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција
Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата
Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата
Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение
Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура
ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата
Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста
Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата
Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти
М.В