/ Прочитано:

1.257

Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите

Денеска во организација на Институтот за европска политика – ЕПИ, Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Центарот за економски анализи се одржа тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите.

На денешниот настан беше истакнато дека целта на проектот е да се унапреди примената на процената на влијанието на регулативата ( ПВР)  во корпусот закони што произлегуваат од Реформата на правосудството во Република Македонија и да се препознае корисноста на ПВР-алатката во процесот на донесување одлуки, како и да се унапреди квалитетот на процесот на донесување одлуки заснован на докази и истражување.

Во таа насока, на денешниот настан говореа  д-р Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика, д-р Џемали Саити, судија во Врховниот суд на РМ и претседател на Здружението на судии, и  Ивана Најдоска, програмска директорка во Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје. Презентација на клучните наоди од анализата „Примена на ПВР врз Законот за судовите“ имаше Ива Цоневска, истражувачка во Институтот за европска политика.

На денешната тркалезна маса беше посочено дека измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет оваа недела влегуваат во собраниска процедура и дека, како што најавуваат од Министерството за правда, препораките од Венецијанската комисија се имплементирани во законите.

Во тој контекст, министерката за правда, Рената Дескоска, на денешната тркалезна маса рече дека речиси сите препораки на Венецијанската комисија коишто досега се дадени се имплементирани.

„Дополнителните препораки што ги добивме од Венецијанската комисија овој месец се имплементирани. Со целосно затворен пакет одиме во Собранието на Република Македонија. Се надевам дека сите 120 пратениците ќе имаат доблест и сила да ги поддржат овие измени бидејќи тие се веќе верификувани од Венецијанската комисија, којашто ја цени усогласеноста на законската регулатива со европските стандарди“, потенцираше министерката за правда, Рената Дескоска.

Како клучни измени во делот на Законот за судовите министерката Дескоска ги наведе измените што се однесуваат на основите за утврдување дисциплинска одговорност кај судиите.

„Венецијанската комисија уште во 2015 година има дадено препораки за прецизирање на основите за дисциплинска одговорност со цел да се овозможи независност на судиите, но секако и одговорност за нивно непрофесионално работење“, истакна министерката Дескоска.

Клучните измени на Законот за Судскиот совет се во врска со основата за утврдување одговорност на членовите на Судскиот совет за нивното работење. Се поедноставуваат постапките за утврдување на дисциплинска одговорност, но и за разрешување на судиите. Министерката Дескоска очекува и овој закон да биде усогласен со европските стандарди.

Целта на измените на законодавството е да направиме усогласување со европските стандарди, целосно имплементирање на овие стандарди и да ја покажеме политичката волја “, истакна Дескоска.

„Овој месец, донесов решение за надзор над работењето на АКМИС-системот во 16 судови, кој ќе се спроведува во текот на целата наредна година. Континуираниот надзор е стратешка определба на Владата на Република Македонија, и тоа ќе почнеме да го реализираме наредната година“,  додаде министерката Дескоска.

Проектот „Примената на процената на влијанието на регулативата (ПВР) врз Законот за судовите“ е поддржан од Институтот за демократија „Социетас цивилис” Скопје (ИДСЦС), во соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА), во рамките на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази“, финансиски поддржан Европската Унија.

 

Владата ќе расправа за повеќе закони од областа на правосудството предложени од Министерството за правда

Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка

Во новиот ЗКП се предлагаат измени и во одредбите за известувањето на осомничениот за завршување на истражната постапка

АКРМ: Адвокатите да се вклучат со свои коментари во дискусијата за Предлог-законот за кривичната постапка

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП

ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија

Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС 

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

На седницата на Советот за реформи адвокатите ги истакнаа своите предлози за измените на Законот за судовите

И поранешни судии на Уставен суд или меѓународен суд ќе бидат членови на Судскиот совет, според предложените законски измени

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: И уставен судија и судија на меѓународен суд да може да бидат директори на Академијата за судии и јавни обвинители

Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет

Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје ќе се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Законската рамка за судовите и за Судскиот совет се подготвува според мислењето на Венецијанската комисија

Советот за реформи на правосудниот сектор ги слушна забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

М.В