/ Прочитано:

878

Тркалезна маса за прогресивниот данок на доход

Денеска Институтот за економски истражувања „Фајнанс тинк“ организираше тркалезна маса „Прогресивен данок на доход: Многу врева за ништо?“

Во ноември 2018, Владата ненадејно го најави дизајнот на прогресивниот и повисок персонален данок на доход, за да влезе во сила од јануари 2019, по долга дебата во јавноста за него.

Овој потег, велат од „Фајнанс тинк“, очигледно повторно предизвика вжештени дебати – особено револтирани мислења доаѓаа од бизнис-секторот, иако целото општество очекуваше дека ќе биде дозволено доволно време за дискусија и консултација за ова прашање, што очигледно не беше случај. Во вакви услови, новиот Закон за данок на личен доход беше усвоен од парламентот кон крајот на декември и влезе во сила, како што беше првично најавено.

„Прогресивниот и повисок данок ќе го намали доходот на побогатите домаќинства, но само незначително за 0,6 проценти. Ефектите од реформата на даночната политика за Буџетот и нееднаквоста на доходот и платите се мали, а контекстот во кој беше наметнат прогресивниот данок може да донесе многу висока политичка цена која ќе треба да се плати, а е неспоредливо повисока од економските користи“, беше истакнато на денешниот настан.

Во студијата на „Фајнанс тинк“ се нагласува дека ефектите од даночната реформа се подобруваат тогаш кога таа се комбинира со социјалната реформа. Таа има влијание само на еден процент, односно кај лицата со највисока заработка, а најзасегнати се инженерските професии.

Во студијата на „Фајнанс тинк“ се препорачува дека за која било даночна реформа, особено онаа поврзана со зголемување на даноците, треба благовремено да се комуницира и да се консултираат засегнатите страни, со цел да се обезбеди соодветна атмосфера за нејзина имплементација.

„Потребна е дискусија за нееднаквоста, која е главна основа за воведување на повисоки даноци, а особено за дихотомијата помеѓу нееднаквоста кај доходите  и платите и  причините за нееднаквоста во Северна Македонија.

Неопходно е итно адресирање: дури и пред воведувањето повисоки даноци  на регресивните социјални придонеси (пр. отсуството на социјални придонеси кај делот на платите кој надминува 16 просечни плати).

И на крај, потребно е зајакнување на институционалниот поредок, бидејќи владеењето на правото и особено ефикасноста на јавната потрошувачка може да бидат клучот до успешна реформа за прогресивен данок, дополнително осигурувајќи опкружување за полесно воведување на таква реформа“, препорачуваат од „Фајнанс тинк“.

>>>Бриф за политиките бр. 35: Прогресивен данок на доход: Многу врева за ништо?

Позитивните очекувања за праведното оданочување се реализираат, вели министерот за финансии

Позитивно мислење за барањето за автентично толкување на членот 115 од Законот за данок на личен доход

Академика го објави и новиот Закон за данокот на личен доход на англиски јазик

УЈП: Насоки во врска со примената на Законот за данок на личен доход

Законот за данокот на личен доход објавен на Академика

УЈП ќе добива податоци и за трансакциите преку брз трансфер на пари

Законските измени за пристап на УЈП до банкарски податоци на граѓаните во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ги усвои законските измени за пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките

Во подготовка нови измени на Законот за УЈП, усогласени со Дирекцијата за заштита на личните податоци

Ќе се прецизираат измените на Законот за банките

Царинската управа со предложените измени на Законот за банките ќе може да блокира банкарски сметки поради царински долг

Законските измени за банките и увидот на УЈП во сметките спорни од аспект на заштитата на личните податоци

Измени на Законот за банките: УЈП да добива податоци за приходите на даночните обврзници без поднесување на поединечно барање

Јавна расправа за Предлог-законот за данокот на личен доход: Ќе се поднесат амандмани за подобрување на Законот

Нови реакции за Законот за данокот на личен доход кој е во собраниска процедура

Стопанските комори реагираат на Законот за личен доход: Не се послуша гласот на бизнисот

Законот за личен доход ќе се носи по скратена постапка: Кои решенија ги содржи новиот пропис

УЈП во врска со новиот Закон за личен доход и одложувањето на обврската за  пензионерите

Новиот Закон за личен доход и за прогресивно оданочување влегува во собраниска процедура

Банкарите бараат предложените даночни измени да се одложат до влезот на Македонија во ЕУ

Заклучоци на Стопанската комора на Македонија во врска со предложената даночна реформа

Коментар на „ЦИВИТАКС“ за предложената даночна реформа

Примања на кои не се плаќа данок на доход според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Видови доход кои се предмет на оданочување според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Целосен текст на новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Министерството за финансии објави анализа за даночната реформа

Измени на данокот за личен доход: Дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно

Компаниите го поздравуваат одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување

Компаниите со истражување за прогресивното оданочување на личниот доход:  Не е погоден момент за вакво оданочување

Даночната политика во фокусот на Роуд-шоуто на слободниот пазар

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ: Потребно е праведно оданочување – богатите да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку

„Фајнанс тинк“ за  буџетските ефекти од потенцијален прогресивен данок на доход

„Фајнанс тинк“ за извештајот на ММФ во врска со даноците, пензионирањето, минималната плата и социјалната помош

Трибина за данокот и за заштитата на правата на даночните обврзници

М.В