/ Прочитано:

980

Тркалезна маса за тековните трендови на миграција и барателите на азил во Република Македонија

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија организираше тркалезна маса во Гевгелија, на тема „Тековните трендови на миграција и баратели на азил во Република Македонија“ во рамките на проектот „Помош на рутата – обезбедување поголема заштита на правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил во Република Македонија и Србија“, финансиран од Инструментот за заштита на човековите права  на Европската Унија (ЕИДХР).

Дискусијата на овој настан се фокусираше на научените лекции од справувањето со бегалската криза и миграциските текови во Република Македонија во 2017 и 2018 година, како и на тековните светски трендови. Во момент кога земјата се подготвува за отпочнување на преговорите во рамки на Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност и со трендот на зголемување на миграциските текови, говорниците дискутираа за подготвеноста на надлежните институции стратешки да му пристапат на ова прашање на локално и на државно ниво.

Посебен акцент се стави на понатамошно зајакнување на капацитетите на локалните власти, граничната полиција, Центарот за управување со кризи и локалните граѓански организации за успешно справување со сите наредни предизвици со кои треба да се соочи земјата. Останува потребата од дополнително зајакнување на соработката помеѓу сите заинтересирани страни на локално и централно ниво и граѓанските организации во Република Македонија, но и нејзино проширување со организации од грчка страна.

Со цел да се обезбеди стратешки и сеопфатен пристап, говорниците препорачаа дека постои потреба од јакнење на човечките и техничките капацитети на сите служби на локално ниво и обезбедување на средства од страна на државниот буџет за реализација на сите тековни акциски планови за обезбедување на интегриран и хуман третман со мигрантите кои транзитираат низ територијата на Република Македонија, во согласност со сите ЕУ и меѓународни стандарди за заштита на човековите права.

На тркалезната маса покрај грантистите на овој проект (Граѓански развој – Куманово, Црвен крст – Македонија, Отворена порта, Легис и РЦОР – Гевгелија) свое учество и свој придонес имаа: градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, Миле Ангелков – Полициска станица Гевгелија, Мирјана Костадинова од Локалната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Зоран Лазаровски од Центарот за управување со кризи – Гевгелија.

Дијалогот на оваа тема ќе продолжи во текот на ноември и ќе се заокружи со завршниот настан  во Скопје на 27 ноември 2018 година.

М.В