/ Прочитано:

760

Тројцата осомничени за нападот врз директорот на театарот Бољшој го признале делото, соопшти московската полиција

Среда, 6 март 2013 – Наводниот нарачател на нападот со киселина врз уметничкиот директор на театарот Бољшој Сергеј Филин, водечкиот солист на балетот Павел Дмитриченко се изјасни за виновен. Делото го признаа и извршителот Јуриј Заруцки и возачот Андреј Липатов, се наведува во денеска објавено соопштение на московската полиција.

Тројцата се уапсени. Вчера беше соопштено дека е уапсен и осомничениот за посредување меѓу нарачателот и извршителите на злосторството. Истрагата продолжува, се наведува во соопштението на полицијата.

Нападот врз Сергеј Филин (42) беше извршено на 17 јануари доцна вечерта пред неговиот дом во Москва. Филин беше посипан со киселина од непознат маж со маска. Повредениот е итно пренесен во болница со изгореници од трет степен на лицето и очите. По хируршките интервенции во Москва, тој е пренесен на лекување во Германија.