/ Прочитано:

842

Цените на храната во следната деценија ќе растат до 40 отсто

Четврток, 6 јуни 2013 – Предизвикани од растот на глобалната побарувачка на храна, цените ќе е зголемат за 10 до 40 проценти во следната деценија, а владите треба да ги поттикнат инвестициите за земјоделско производство, предвидуваат Организацијата на Обединети нации за храна и земјоделство (ФАО) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Економистот Мерит Клуф од ФАО наведува дека забавува растот на производството и продуктивноста и оти владите треба да изнајдат начини за да им овозможат на земјоделците пристап до технологијата, за да се зголеми производството.

Во заедничкиот извештај на ФАО и ОЕЦД под име „Земјоделска прогноза 2013-2022“ се истакнува дека цените на прехрамбените продукти во следната деценија ќе пораснат од 10 до 40 отсто, при што цената на месото ќе расте побрзо, а на житарките побавно.

„Апелираме до владите ширум светот да почнат и тоа брзо да се прфрлаат од старите на новите пристапи, со фокус на продуктивноста и иновациите“, наведе Кен Еш од ОЕЦД.

Еш додаде дека растот на цените најмногу ќе влијае во земјите врз развој, каде некои семејства трошат и до 60 проценти од приходите на храна.