/ Прочитано:

932

Калуѓерот заводник, Фра Шиме од Хрватска побегнал со 1,7 милиони евра и таинствена девојка, црквата се извинува поради неговиот егоизам

Среда, 17 октомври 2012 – За проневерата на хрватскиот калуѓер Фра Шиме се огласила и црквата и тоа преку изјавата на Францисканската провинција Пресвети спасител од Сплитската архиепископија. Хрватската полиција почнала истрага за случајот, пренесуваат хрватските медиуми.

Веста за проневерата на хрватскиот калуѓер кој побегнал со 1,3 милиони евра надвор од земјата, ја крена на нозе Сплитската архиепископија. За да се избегнат шпекулациите Архиепископијата се огласила со соопштение до јавноста. 

„Сакаме да ги прекинеме шпекулациите во медиумите за овој случај и да го заштитиме авторитетот на Францисканската провинција Пресвети спасител“, стои во соопштението објавено на интернет страната на Сплитската архиепископија. 

Исто така, во соопштението е објаснета наводната проневера што ја сторил Фра Шиме продавајќи црковен имот во вредност од 1,3 милиони евра. Парите му биле исплатени преку трговското друштво „Сончев лик“ во два наврати, на 10. 4. 2012, му биле префрлени дел од сумата за земјиште со површина од 39. 556 м2 и на 20.04.2012 година му биле префрлени останатите пари. 

Понатаму, Фра Шиме наредниот месец во мај, од неговата сметка на два пати го подигнал целиот износ и за сега не се знае неговата трага. Од Архиепископијата објаснуваат дека купопродажниот договор за продажба на црковното земјиште не е легален, никој не знаел, ниту Фра Шиме имал одобрение за да направи продажба. Адвокатите веќе поднеле тужба за утврдување на легалноста на купопродажниот договор. Во текот на постапката, Францисканската провинција Пресвети спасител ќе го исклучи хрватскиот калуѓер од нивната заедница, се додека не се утврди дали е виновен. Од Сплитската архиепископија во соопштението ја изразуваат нивната згрозеност од постапката на калуѓерот. 

„Воодно изразуваме искрено жалење поради оправданото згрозување на јавноста поради незаситноста на егоистот , на кој му дадовме вера и му покажавме  доверба. Ја молиме целокупната хрватска јавност и искрено се извинуваме од името на сите припадници на Францисканската провинција Пресвети спасител“, стои на крајот на соопштението. 

Сепак, во овој момент најоштетена страна е купувачот на земјиштето бидејќи тој не може да се запише во земјишната книга на црквата. Оттаму велат дека продажбата е направена без дозвола, па затоа  не постои начин купопродажниот договор да се смета за легален. Купувачите останале без пари, а нема да можат да располагаат со земјиштето.  

Кој е Фра Шиме ?

Фра Шиме е во моментов најбараниот хрватски калуѓер кој од минатата недела му се губи трагата, наводно со повеќе од милион евра собрани од продажба на црковно земјиште и со таинствена девојка под рака. Се чини дека бил „примамлив отров“ за жените и пред да се случи овој скандал.

Отсекогаш сакал да се дружи и да се допишува со девојки, а смс- пораките му биле полни со романтични изјави и стихови, многу од нив двосмислени и изразито сугестивни. Меѓудругото, во телефонските пораки многу чест0 знаел да се послужи со стиховите на хрватскиот поет Добриша Цесариќ и неговата славна творба „Овошки по дожд“.

Ти си како овошки по дожд, има полно роси па ги ниша. Блеска на сончевите зраци, со чудесен раскош меѓу нејзините гранки“. Ова е дел од поетичната песна на Цесариќ, чии стихови Фра Шиме често ги парафразирал за одредени девојки, а тие пак ги сметале за голем заводник.