/ Прочитано:

663

Тупанчески – Брнз: Реформата во областа на владеење на правото е едно од најважните прашања

Министерот за правда Никола Тупанчески денес се сретна со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја. Кејт Брнз, со која разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави во областа на правосудството, како и за можностите за унапредување и продлабочување на соработката. Министерот Тупанчески и се заблагодари на амбасадорката за досегашната поддршка и помош од страна на Соединетите Американски Држави за Северна Македонија, кога станува збор за подобрување на ефикасноста на судството.

– Фокусирани сме на одржување на реформското темпо, спроведувањето на Законодавната агенда и јанењето на капацитетите на правосудните институции. Независното судство е важен темел на секое демократско општество, а нашето партнерство и соработка со САД придонесува во исполнувањето на нашите приоритети за зајакнување на правосудниот систем, заштитата на човековите права, подобрувањето на борбата против корупцијата и подобар пристап до правдата, рече министерот Тупанчески.

Соговорниците, исто така, ја истакнаа важноста од подобрување на владеењето на правото и понатамошна реформа на судскиот систем со цел зајакнување на ефикасноста, независноста и одговорноста на судството. Амбасадорката истакна дека правната сигурност и квалитетот на правосудството се многу важни за враќање на довербата во правосудниот систем и посочи дека САД ќе продолжат да бидат наш партнер и ќе ја поддржуваат земјата во понатамошните реформи