Турција го редефинира тероризмот
Петок, 12 април 2013 – Турскиот парламент ги усвои измените на антитерористичкиот закон со кои се менува дефиницијата за терористичка пропаганда. Само директно поттикнување на насилство отсега ќе претставува кривично дело.
Според тамошното Министерството за правда ова е во согласност со критериумите на Европскиот суд за човекови права и со барањата на ЕУ Анкара да ги намали ограничувањата на слободата на изразување.
Сепак, критичарите велат дека измените и дополнувањата се уште им дозволуваат на обвинителите и судиите да испраќаат во затвор активисти, доколку сметаат дека тие претставуваат закана за јавниот ред. Турција е позната токму по тоа што стотици политичари, новинари, активисти се во затвор, повеќето под обвинение за поддршка на курдскиот сепаратизам во југоисточниот дел на Турција.