/ Прочитано:

960

Тужбата за заштита на колективни интереси и права како усогласување на ЗПП со ЕУ регулативата

Во извештајот на Европската комисија се посочува на потребата од усогласеност на Законот за парничната постапка со европските стандарди.

Во Предлог-законот за парничната постапка кој е во собраниска процедура со европско знаменце, се образложува дека, меѓудругото, новото законско решение е усогласено со  Директивата 2009/22/EЗ на Европскиот парламeнт и на Советот од 23 април 2009 година за заштита на интересите на потрошувачите и со Директивата 2008/52/ЕЗ на Европскиот парламент и советот од 21 мај 2008  година во врска со одредени аспекти на медијација во граѓански и трговски прашања.

Како што се образложува, имплементирањето на директивите е во врска со воспоставувањето на тужба за заштита на колективни интереси и права.

Имено, се образложва во Предлог-законот, за претставничките тужби за заштита на колективните интереси на потрошувачите, како новина се пропишува постапка за заштита на колективните интереси и права со што им се овозможува на здруженија, фондации, установи или други организации кои се основани во согласност со закон и кои во рамките на својата регистрирана или со закон определена дејност се занимаваат со заштита на колективни интереси и права утврдени со закон, можат, кога такво овластување им е изречно дадено со закон и под услови предвидени со тој закон, да поднесат тужба (тужба за заштита на колективни интереси и права) против физичко или правно лице кое со вршење на одредена дејност или воопшти со постапување или пропуштање потешко ги повредува или сериозно ги загрозува таквите колективни интереси и права.

„Исто така, во предложеното законско решение, регулирана е постапката за медијација како неопходна претпоставка во трговските спорови од мала вредност во склад со Директивата за медијација во граѓанска и стопанска материја“, се додава во законското образложение.

Законот за парничната постапка во собраниска процедура со европско знаменце

Во извештајот на ЕК забележано е донесувањето на Националната стратегија за борба против корупцијата

Намалениот буџет за судскиот систем нотиран и во извештајот на Европската комисија

Да продолжи спроведувањето на Стратегијата за реформи на правосудството, се нотира во извештајот на Европската комисија М.В

Утврдени измените на ЗПП, на Кривичниот законик и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители

Објавени коментарите и предлозите за Законот за парничната постапка со осврт на работната група за секој од нив

Адвокатската комора достави предлози и забелешки на Предлог-законот за парнична постапка

Адвокатите да достават коментари на Предлог-законот за парничната постапка

Во подготовка нов Закон за парничната постапка – објавен текстот на Нацрт-законот

М.В