/ Прочитано:

2.426

Тужбата за заштита од дискриминација од јавен интерес (actio popularis) во новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

Здруженија, фондации, синдикати или други организации од граѓанското општество и неформални групи кои имаат оправдан интерес за заштита на интересите на одредена група или кои во рамките на својата дејност се занимаваат со заштита од дискриминација можат да поднесат тужба, ако направат веројатно дека со постапувањето на тужениот се дискриминирани поголем број лица, се пропишува во новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Во тужбата може да се истакне барање:

  • да се утврди дека тужениот извршил дискриминација врз групата чиишто интереси ги застапува тужителот, односно дејството што го презел или го пропуштил може да доведе до дискриминација на групата;
  • да се забрани преземање дејства со кои се дискриминира групата чиишто интереси ги застапува тужителот;
  • да се задолжи тужениот да преземе дејства со кои се отстранува дискриминацијата или нејзините последици;
  • да се објави во медиумите диспозитивот на пресудата со која е утврдена дискриминацијата во пристапен формат на трошок на тужениот.

Мерки за обезбедување

Пред почнувањето или во текот на постапката по повод тужбеното барање судот може, на предлог на странката, да одреди мерки за обезбедување и без сослушување на спротивната странка, заради отстранување на итна опасност од противправно оштетување или спречување насилство или отстранување на ненадоместлива штета.

Товар на докажување

Тужителот кој тврди дека во согласност со одредбите на овој закон е сторена дискриминација е должен да ги изнесе фактите што го прават тврдењето веројатно и тогаш товарот на докажување преминува на тужениот да докаже дека не постои дискриминација. Ова не се применува во прекршочната и казнената постапка.

Докази

Во судската постапка за заштита од дискриминација, покрај доказите пропишани во Законот за парнична постапка, како доказ можат да се користат и статистички податоци, и/или податоци добиени со тестирање ситуација.

Судски трошоци

Лицата кои ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација се ослободени од плаќање трошоци за судски такси. Трошоците за судски такси се на товар на Буџетот на Република Северна Македонија.

Учество на трети лица

Во парница по повод посочената тужбата може како замешувач на страна на лицето кое тврди дека е дискриминирано да се придружи орган, организација, установа, здружение или синдикат или друго лице кое во рамките на својата дејност се занимава со заштита на правата на еднаквост и недискриминација за чиишто права се одлучува во постапката. За учеството на замешувачот одлучува судот со примена на одредбите на Законот за парничната постапка.

За тужбата со која се иницира судска постапка како actio popularis

Потребни се законски измени за доследно користење на actio popularis во случаите на дискриминација

Зелено светло за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе се носи со европско знаменце

Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Граѓански организации бараат итно усвојување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Законот за антидискриминација се соочува со опструкции во Собранието, реагираат од Мрежата за заштита од дискриминација

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација во собраниска процедура

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација презентиран во МТСП

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација прифатен во владина процедура

Објавен текстот на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Во подготовка Законот за спречување и заштита од дискриминација чиј текст ќе биде усогласен со меѓународните стандарди

Јавна дебата за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

М.В