/ Прочитано:

767

Уапсен претседателот на Федерацијата БиХ – се сомничи дека примал поткуп за помилување на осуденици

Петок, 26 април 2013 – Претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Живко Будимир е уапсен денеска во Мостар по налог на Јавното обвинителство на БиХ, јави „Aнадолија“.

Будимир е уапсен во неговиот кабиент од страна на припадници на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА). Според првичните информации, тој се товари дека примал поткуп за помилување на осуденици, како и за „уште неколку кривични дела“. Истите извори тврдат дека акцијата се спроведува поради сомнителни исплати на субвенции од страна на Развојната банка на Федерацијата БиХ.

Босанските медиуми јавија дека во тек е претрес на канцеларијата  на Будмит во зградата на Претседателство на Федерацијата БиХ.

Според извори на Анадолија, полицијата спроведува акција и во реонот на Широки Бријег, каде „предмет на обработка“ се компании во сопственост на семејството на заменик-премиерот на Федерацијата БиХ, Јерко Иванковиќ-Лијановиќ.